Екс пејачот на легендарните „Бело копче“, Жељко Бебек неодамна доживеа несреќа на настап во Виена, кога се струполил на сцената среде концерт.
Снимката од падот стана вирална на социјалните мрежи, а јавноста беше вознемирена поради тоа.
За време на изведбата на една од неговите песни, Бебек падна како покосен.
Тој се обидел да стане, но повторно паднал и побарал помош од неговата екипа.
Со оглед на тоа дека продолжил да пее, Бебек бил добро, а ситуацијата само лоша среќа да се сопне на сцена како и ред други на јавен настап, па нема да биде ни прв, ни последен.
фото:You tube printscreen/Motorom do birtije