Јелена Карлеуша по разводот работи со полна пареа, па одржува концерти низ регионот. балканската поп-фолк дива утревечер, сабота 19-ти октомври во СЦ “Јане Сандански“ во скопје ќе го одржи својот голем солистички концерт со што ја започнува спектакуларната промотивна турнеја „Алфа и Омега“.
View this post on Instagram
Пред да настапи во македонската престолнина во интервју за еден од македонските медиуми, таа откри кој би можел да и биде трет сопруг.
„Пред се’, Карлеуша истакна дека не размислува за брак по разводот со фудбалерот Душко Тошиќ, но сепак постојат две групи мажи кои имаат шанса за љубовна романса, врска, па и брак со „белградската мала од скандала“.
„Кога во некое лудило и ноќен кошмар би посакала повторно да се омажам, добро би размислила дали тоа ќе биде политичар или криминалец. Се си има своја привлечност, но навистина би размислила. Можеби тоа бил тоа криминалец, тоа е нешто што сега ми е возбудливо“ – изјави Јелена.
Да потсетиме, Јелена Карлеуша неодамна го избра најдоброто момче меѓу српските спортисти, а нејзината конечна одлука падна на кошаркарот Никола Јовановиќ.
Фото: Instagram/мiroslavkacarov/nikolajovanovic/karleusastar