Во месец јули минатата година пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски попознат под уметничкото име Џокер, станаа родители на синчето Киан кое сега веќе е потпораснато бебенце.
Малиот наследник прооде и ги направи првите чекорчиња неколку недели пред роденденот, а мама и тато, a сигурно и бабите и дедовците, се во постојана актија од неговите исражувачко љубопитни денови.
Во една прилика Роберт изјави дека родителството кај нив се базира на трпение и толеранција, заклучок изведен од досегашното искуство.
– Засега живееме во убава хармонија со слога и разбирање, ги вршиме сите домашни обврски и се разбира, обврските кон нашето дете, кажа своевремено новопечениот татко.
За разлика од Антониа која претходно беше резервирана за споделување моменти со наследникот, Роберт пак редовно ги полнеше „стори“ објавите од она што му се случува со Киан.
Па така, тој откри кога синчето прооде, а сега истото го направи и со тоа дека малиот Кианче прво изговорено зборче му е тата.
Малиот малку поспан, но со помош и иницијатива од тато, изговори „тата“ што Роберт го однесе до облаци, момент кој сигурно се памети за цел живот, а тато горд и пресреќен не можеше, а да не се пофали со ова.
фото:Instagram printscreen/ jokerdam93