Радио Милева еротска заблуда

На кавга или „карање“: Лазаров сакаше да и посочи на Карлеуша дека не сака да се караат, а таа го сфати „поинаку“, па понуди „непристоен предлог“… како можна опција (ВИДЕО)

На кавга или „карање“: Лазаров сакаше да и посочи на Карлеуша дека не сака да се караат, а таа го сфати „поинаку“, па понуди „непристоен предлог“… како можна опција (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша пред концертот закажан за оваа сабота, 19-ти октомври 2024 во Скопје, во СЦ Јане Сандански, беше минатата недела на средба со новинарите во македонската престолнина.

Покрај бројните интервјуа и изјави, имаше гостување во неколку најгледани домашни ТВ шоу емисии и секако најгледаниот поткаст, кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров. Во муабетот по некое време им се приклучи и Боки 13-ка, стариот пријател на Карлеуша и нејзината покојна мајка Дивна, кој ја изненади Јелена со своето појавување, зашто се немаа видено долги години, од „познатите причини“ заради кои не постоеше можност за такво нешто.

Затоа пак, поткастот на Лазаров е место каде меѓудругото се „подгеваат“ и старите пријателства, па на евоцирањето спомени и муабетите никогаш крај.

Арно ама, Карлеуша нема „кратко памтење“ и некои работи така лесно не ги заборава, па во муабетот со Лазаров го потсети на некои негови коментари на нејазина сметка, а поткастерот сакаше да и посочи дека нема намера со уважената гостинка да се караат.

Арно ама, пустото богатство на различности на двата јазици и нивните жаргони за малку ќе ја доведеше Карлеуша во заблуда… и тоа еротска!

Имено глаголот „карам“ преточен во глаголското дејствие „карање“ во српскиот јазик, односно жаргон, значи нешто сосема поразлично од расправање, по македонски.

– Кој  „се кара“, не се „караме“… Ние овде се’ друго правиме освен што се „караме“. Не барем засега, ама после, кој знае… Долга е вечерта, може подоцна и „ќе се караме“ – му виозврати Карлеуша на Лазаров, која иако сфати што сакаше тој да каже, реши малку да го „подкара“, односно да се пошегува на негова сметка, а и на сопствена.

Вообичаено, нејзината „зафрканција“ преточена во доменот на  еротската фантазија на балканската поп-фолк дива…

И сето тоа за што поголемо задоволство на Јутјуб следбениците на поткаст шоуто, кое таа вечер ги обораше рекордите на гледаност!

Фото и видео: Инстаграм/_lazarovv

To top