Радио Милева измешани емоции

„Не можам да си ги соберам емоциите“: Најпознатата македонска инфлуенсерка стана магистер (фото)

„Не можам да си ги соберам емоциите“: Најпознатата македонска инфлуенсерка стана магистер (фото)

Македонската екс ТВ водителка, а сега една од најпознатите наши Инфлуенсерки, Миа Костова е дипломиран менаџер по односи со јавност.

Таа пред следбениците на Инстаграм каде што е активна еднаш откри дека иако не била одличен ученик, секогаш е многу повеќе снаодлива отколку што учела.

Миа сега пред своите фанови не одговарше на нивните прашања, ниту делеше совети за витка линија туку гордо откри дека го одбранила магистерскиот труд на  на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Миа откри дека имала многу трема пред одбраната, а тоа го откри преку фотографија на која напиша: „Преубав ден за да си укакан од трема“

Сепак откри дека сила за да ја победи тремата е нејзиниот син Андрија кој присуствувал на одбраната.

Миа од 07.10 октомври официјално стана  магистер по маркетинг па објави  неколку  фотографии  од овој голем и важен ден за неа.

Таа позираше насмеана  и со нејзината интимна пријателка Тијана која и пружила подршка па сега редно е да наздрават и за овој голем успех.

Таа на кратката приказна сподели и дел од атмосферата каде искрено откри  дека никогаш во животот не била со толку измешани емоции.

„Сакам да кажам дека никогаш во животот не сум имала позмешани емоции, тргнав да плачам на почеток, не знам како се собрав, незнам дали беше страв, трема или гордост. Се расплакав на крај едноставно посилно беше од мене.“

За Миа  ова е уште еден остварен сон во кој  сѐ уште не може да поверува:

„Уште сум под импресии и не можам да си ги соберам емоциите. Некој да ме разбуди да ми каже дека не сонувам! Магистер по маркетинг е само уште еден остварен сон. Задоволството е мое што и овој пат учев од најдобрите! Благодарност до комисијата и мојата менторка кои несебично ми го пренесоа нивното знаење и беа дел од овој процес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

„Браво, само продолжи да редиш успеси“, „честитки“, „Ти си магистер по многу нешта,“, „ова е само потврда,“ „Честитки за остварениот сон!“ –   се редеа позитивните коментари под нејзината објава.

фото: printscreen/instagram/miandrija

To top