Радио Милева животна лекција

„Бев љубовница!“ Инди Арадиновиќ без двоумење призна афера со зафатен маж (фото) 

„Бев љубовница!“ Инди Арадиновиќ без двоумење призна афера со зафатен маж (фото) 

Пејачката Инди Арадиновиќ важи за една од ретките јавни личности која отворено и без влакна на јазикот зборува за својот приватен живот.

Арадиновиќ во една прилика истакна дека била љубовница, но дека не жали затоа што тоа и билo животна лекција.

Дополнително, таа потоа додаде дека е убедена дека секоја девојка би сакала да биде со зафатен дечко, но дека никој од нив не смее да го признае тоа.

– Би била будала ако кажам дека не сум била љубовница затоа што секоја млада девојка мора да помине низ тоа! Мислам дека би сакале сето тоа да го пробаат и дека мора на тој начин да созреат, за подоцна да бидат големи паметни девојки – изјавила пејачката.

Потоа додаде дека не брза да се омажи и да ја исполни својата улога на мајка.

– Не брзам да се омажам и да добијам дете, а уште помалку жалам што се уште не се случило. Што се однесува до интимните врски, не сум луда по тоа, можам долго време без врска – изјавила за „Ало“.

фото: printscreen/instgaram/indy_ara_indira

To top