Радио Милева во друштво

Наташа Беквалац го прослави роденденот на луксузна дестинација (фото)

Наташа Беквалац го прослави роденденот на луксузна дестинација (фото)

Пејачката Наташа Беквалац го прослави својот 44-ти роденден, а со своите следбеници сподели специјално изненадување кое и го подготвија најблиските.

Наташа Беквалац замина овој пат на Ибица со избрана група луѓе. Пејачката со себе ги донесе сестра си Кристина, ќерката Петра и постарата ќерка Хана.

Претходно таа објави заедничка фотографија пред заминување на која се четири, а сега се пофали со специјалното изненадување што и го приредиле на роденденот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Семејството на најдобар можен начин и го разубави роденденското утро, во хотелската соба ја чекаа шампањ, балони и подароци, а Наташа набрзина сподели се со своите следбеници.

И покрај годините, Наташа изгледа прекрасно и речиси секој ден ги воодушевува луѓето на социјалните мрежи, како со нејзината прекрасна фигура, така и со внимателно одбраните модни изданија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

„Ви благодарам за сите прекрасни желби, честитки, ви благодарам за љубовта што ја чувствувам секој ден. Сепак, животот е највредниот подарок и затоа решив секој ден да го поминам во радост, благодарност и насмевка со моите деца, семејството , прекрасни пријатели и луѓе кои ги обожавам“, напиша таа во описот на објавата.

фото: printscreen/instgaram/bekvalceva

To top