Радио Милева вака стојат нештата

Карлеуша открива како ќерките го поднесуваат разводот на своите родители: „Ника и Атина ми рекоа…“

Карлеуша открива како ќерките го поднесуваат разводот на своите родители: „Ника и Атина ми рекоа…“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ пред една недела потпишаа заеднички развод. Иако тоа беше одлука која долго тлееше, Атина и Ника беа една од причините поради која брачната двојка неколку пати се откажа од одлуката за развод.

Сега Атина и Ника Тошиќ зрело, со многу разбирање го зеле разводот на нивните родители, а според пејачката дури и ја советувале.

– Ќерките ме убедија да се разведам – ​​изјавила Јелена за „Стар“.

Атина и Ника Тошиќ го поддржаа разводот на нивните родители, гледајќи дека и двајцата ќе бидат посреќни доколку бракот заврши.

– Ние сме во брак. Мислам дека Душко не ме сака мене, но јас го сакам него. Сигурнa сум дека не ме сака. Ние сме во брак про форма. Тргнавме по својот пат иако живееме во иста куќа. Најмногу поради децата сме под ист покрив. Атина и Ника заслужуваат да бидат покрај мама и тато. Душко е татко на моите деца и би го дал животот за нив. Би примила куршум за него – изјавила Јелена за „Информер“ пред да донесе одлука за конечниот развод.

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top