Радио Милева среќен бејбиситер

Ќе ви го разубави денот: Водителот Марко Новески на прошетка со близначињата ширеше позитива (видео)

Ќе ви го разубави денот: Водителот Марко Новески на прошетка со близначињата ширеше позитива (видео)

Водителот Марко Новески е во  брак со сопругата Цена, која  оваа година во месец април му го оствари најголемиот сон и на свет ги донесе близначињата Вања и Веда.

Марко е активен на социјалните мрежи , па сега покажа слатко видео од малите.

Водителот сподели кратко клипче на неговата кратка приказна на Инстаграм заедно со близначињата и дефинитивно ги  воодушеви сите следбеници.

Тие прошетале заедно со тато, додека тој ги возел во количката за бебиња и го снимил овој момент, а местото кое што го одбрале е некаде на игралиште.

„Едниот набљудува што се случува на сите страни, додека женската на тато спие, а вие имајте прекрасен ден“   – кажа Марко.

 

Како хаштаг  додаде „шириме позитива“, а со оваа објава со сигурност успеа во тоа.

Водителот првата заедничка фотографија со нив, додека ги држи во раце,  ја сподели само неколку дена по раѓањето, а во описот тогаш напиша  – „Мојата дупла среќичка“.

фото: Print Screen/Instagram/marko_noveski

To top