Актерката Јелисавета Орашанин е повеќе од активна на својот Инстаграм профил каде редовно објавува слики и видеа.
Таа моментално е на одмор во Шпанија, а многубројните следбеници на мрежите ги почести со фотографии во провокативно издание.
Имено, таа се сликала во огледало во исклучително предизвикувачки, цветен фустан. Споменатата креација имаше длабоко деколте, кое ги истакна бујните гради на Јелисавета.
Покрај тоа, фустанот имаше шлиц кој одеше речиси до колкот, а нејзините извајани нозе не можеа да останат незабележани. Актерката се одлучила косата да ја собере во пунџа, која одлично одговараше на целиот изглед, а на ушите имаше и мали бисерни обетки.
фото: printscreen/instagram/jagodenamagli