Радио Милева ептен кутар или баеги чешит?

Од „Мерак меана“ на улица: За Трајче Толевски повеќе „нема леб“ од ТВ емисии, свадби, кафеани… па популарниот Мајка заврши како уличен музичар!?

Од „Мерак меана“ на улица: За Трајче Толевски повеќе „нема леб“ од ТВ емисии, свадби, кафеани… па популарниот Мајка заврши како уличен музичар!?

„Мерак меана“ несомнено важи за една од најгледаните и наомилени фолк ТВ емиси во македонскиот етер. Избор од најдобрите на купче, на едно место во иста емисија и тоа секогаш во различна постава… освен неколкумина непроменливи, меѓу кои број еден , вечниот Трајче Толевски – Мајка, познат музичар и скопски угостител. Што соло, што во група, Трајче – Мајка со години е познат на пошироката јавност како врвен инстрименталист, но и забавувач. Шегобиец, чешит, итар, досетлив, довитлив, кој со своите смешки, шеги, симпатични задевања и „јадачки“ постојано „ги ашка“ колегите, особено колешките и тоа оние, помладите.

Додека живееше и работеше во Македонија редовна „клиентка“ во „закачките“ му беше фолкерката Сани Гроздановска, а во последно време и колешката Ирена Вељовска, иако ниту другите не се ништо помалку „на тапет“ , штом Мајка ги начека „во тесно“ или на „тенок мраз“.

Се разбира сето тоа со усул, без да се поминат границите на пристојноста и црвената линија на достоинственото и културно однесување, а сепак шегата да има смисол и ефект.

Арно ама, по сета популарност и слава, Трајче- Мајка сподели едно видео-клипче на неговиот Фејсбук, со кое серизозно ги загрижи и своите следбеници, ама и сите што го знаат и познаваат, а има ли таков кој не го знае?

Имено, популарниот музичар од „Мерак меана“ заврши на улица? Со мини хармониче , во придружба на колега на контрабас, двајцата на влезот во ГТЦ во Скопје, со шеширот пред нив пеат и свират за корка леб, како улични музичари!

А шеширот празен, се додека покрај нив не помина познатата пејачка Биба Додева, па и таа им се придружи во песната.

Нејзината машка придружба, виде-не виде,  им ја пушти првата кована паричка во шапката!

Патем, Мајка покрај постот уште напишал дека кутрите бараат менаџер што ќе ги пробие… по светот!!?

На прв поглед некој ќе си помисли: За греота, каква тажна судбина, иако од сето тоа нема ништо, зашто во прашање е уште една шега на  чешитиот Трајче-Мајка.

Се разбира, дека и „Мерак меана“ продолжува со новата сезона, а кафеана, свадби и семејни веселби имало и ќе има… довека! Кај што има музика, веслба и забава, шега и смеа, таму е и тој – неуништивиот Трајче – Мајка!

Фото: Фејсбук/Mеrak Meana – Oficijalna strana/Trajce Tolevski

 

To top