Наташа Беквалац отсекогаш важела за една од најубавите Србинки. Долгата, руса коса, полните усни и заводливиот изглед ја направија фатална за многу мажи, па многумина се прашуваа дали отсекогаш била толку убава.
Наташа Беквалац сега објави фотографија од свадбата на нејзината постара сестра Драгана.
Таа и нејзината сестра Кристина се уште беа девојчиња, па нејзиниот природен изглед привлече големо внимание.
Пејачката и нејзината помала сестра Кристина позираа една до друга, додека зад нив застанаа нивните горди родители.
Девојките носеа бели свечени фустани, но нивната боја на коса е првото нешто што се забележува на фотографијата. И двете сестри Беквалац се природно бринети.
Само неколку години подоцна, во тинејџерските години, решија да станат русокоси, а на таа боја и останаа верни до денес. Она што може да се забележи и на фотографиите од минатото е дека пејачката има природно полни усни, а самата фигура не е многу променета, што докажува дека пејачката сѐ уште само ја негува својата природна убавина.
Многу години подоцна Наташа ги зголеми градите, но остана свесна за природниот изглед, кој денес е исклучително редок.
фото: print Screen/Instagram/bekvalceva