Познатата пејачка Дара Бубамара за имотот во Нови Сад, каде живее со години, платила 200.000 евра, а сега сигурно може да го продаде за двојно поскапо.
Станот од 170 квадрати го опремила со најлуксузниот мебел.
Дневната соба е бела со златни детали. Во средината на собата е кристален лустер, бел комплет, како и бела стилска маса и столчиња.
Бели се и завесите, стилската трпезариска маса и столчиња, а секој детаљ е на своето место, а на терасата Дара ужива или на софата или во лулашката.
Погледот се отвора кон зеленилото и дел од Нови Сад, а терасата е голема и пространа, па има простор за сончање.
На прашањето дали му дава џепарлак на синот, Дара Бубамара ги изненади сите и рече дека нејзиниот син Коста сам заработува на само 13 години. Пејачката потоа истакнала дека звучи неверојатно, но тоа е вистина и дека Коста и пратил порака дека преку игрите успеал да заработи 390 долари и дека ќе и ги стави на картичката, а таа му се заблагодарила на својот син за тој гест.
– На 13 години веќе заработува, неверојатно, но заработува за мајка си. Денеска ми пиша дека заработил 390 долари преку игрите и дека ќе ми ги стави на картичката. Реков фала сине – изјави пејачката за „Курир“.
фото: printscreen/instagram/darabubamara_official