Радио Милева уживање од соништата

Македонската фолкерка во црвени бикини на пена парти: Елена Јовчевска на одмор во најљубовниот хотел, место каде љубовта се среќава со желбата, а возбудата ја предизвикува страста (ВИДЕО)

Македонската фолкерка во црвени бикини на пена парти: Елена Јовчевска на одмор во најљубовниот хотел, место каде љубовта се среќава со желбата, а возбудата ја предизвикува страста (ВИДЕО)

Македонската фолкерка и горда сопственичка на студио за убавина Елена Јовческа, по бројните летни ангажмани и обврски, најде време и малку да одмори. Со помош на своите пријатели од една туристичака агенција, Елена замина во Турција, на прексрасното крајбрежје на Анталија и тоа не било каде и на кое пребивалиште, туку на едно посебно место каде престојот им се препорачува само на возрасните.

Или поинаку кажано не е баш за деца, зашто хотелот кој го носи името на првите луѓе на светотот опишани во Библијата, е всушност најљубовниот хотел во кој престојуваше и самата Елена. Изборот верјатно по препорака на оние кои добро ја познаваат и знаат што најмногу и треба за одморот да и ниде не само обичен, туку и незаборавен!

А како и не би бил, кога тое е место каде љубовта се среќава со желбата, а возбудата ја предизвикува страста… Место кое ве повикува да дојдете во рајот за викенд  од соноштата, да влезете во светот на релаксација и романса, каде благодетниот допир на љубовта оживува во синилото на големиот отворен базен, а секоја нота уште повеќе ја разгорува страста…

И преку ден и навечер, во секој дел, секое катче зрачи со љубовен повик, еротски набој или романтика… Во зависност од тоа со кого сте дојдени и што повеќе ве возбудува или опушта, каква атмосфера, која љубовна практика… Дали дневните опуштени коктел уживања крај базенот…

Или вечерните забави исполнети со жешки танци и еротски перформанси…

Или можеби лудите дневни базенски пена парти на кои  нашата фолкерка покажа како умее да се журка. Така, Елена, сега видно истенчена и ослабена, бујните, но складни телесни облини ги сместила во црвени бикини , па влезена во базенот  уживаше во музиката и забавата, танцувајќи на базенската пена парти!

Во најљубовниот хотел не се оди сам, па не беш ни Елена… Но, ако помисливте дека некоја „посилна половина“ и правела друштво, бидете сигурни дека сте во заблуда. Зашто македонската фолкерка на овој одмор беше со женска придружба. И тоа со бјути експертот од нејзиното студио, мастер едукаторот за маникир и педикир… Дамата чие животно мото е дека го сака и ужива во животот!

Двете русокоси не пропуштија да направат и заедничко селфи во големиот ѕид од огледала, за при тоа едната да ја пофали другата, дека е „најдобра газдарица на сите времиња“!

Дали затоа што „газдарицата“ честеше одмор од соништата или на двете им се поклопија нештата откако им се вкрстија патиштата, знаат само тие самите?!

Како и тоа, дали двете  „Еви“ запознаа одблизу и некој „Адам“? Имаа ли “блиска средба со змијата“ и ги натера ли страста „да каснат од јаболката“?

Библиски дилеми, на кои вистински одговори имаат само оние што биле на вакви одмори!

Фото: Инстаграм/adamandeve_hotel/jovceskaelena/pavlovic.natali

 

 

To top