Познатите Македонки се препознатливи по популарноста, харизмата, изгледот… па дури и оној одзади, ама дали би ги препознале само по нивните гради? Мала загатка за ваша забава, која ќе ви открие колку е предност да имаш препознатлива предница, пред која погледот запира и вилицата се кочи, за да кажете: Да, оваа е „таа и таа“, без да ја погледнете в очи! Без оглед која од нив е природно бујна, а која рамна како даска, која е силиконска кралица, која има гради налик на лубеница… или на праска?!
1. Бивша мисица, манекенка, модел, сега својски се труди да биде што попозната пејачка. Згодна, стројна, можеби не така бујна, но и без тоа доволно привлечна и сексапилна… Доволно е само да ве погледне, па да ви го „е*е денот“… Зашто ќе ве заведе до таа мерка, што не ќе можете цел ден да престанете да мислите на таква „секси ѕверка“.
2. Иако не победи, таа сигурно е најпознатата и најсекси македонска „Ѕвезда на Гранд“. Доволно стројна, со долги нозе и извајано тело, заводлив поглед и телесни атрибути, таа е „тути-фрути“ микс од убавина, сексапил, стил и вокални квалитети. Со предница која можеби толку многу не предничи, ама секако убаво ја личи.
3. Важи за најпознатата наша фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот… Нејзините програми најмногу поминуваат кај жените, а нејзиниот бомбастичен изглед несомнено кај мажите. Можеби нема манекенски пропорции, ама затоа има телесен раскош и однапред и одзади… Задница што „плаче за танга“ и градник што се милува со бујните гради.
4. Некогашна игаорка, прва мис на Македонија, а од пред некоја година до денес, ТВ водителка на утринска програма и се повеќе инфлуенсерка. Расна, раскошна, долгонога, речиси постојано насмеана, со гради кои можеби не се сајз екстра, ама затоа не се ни доградувани, туку убаво природно обликувани и сочувани.
5. Со оглед дека е тазе мајка, можеби нема потреба многу да ја коментираме нејзината градна структура, иако се попопуларната македонска поп пејачка не се срами секаде да ја покажува својата градна визура. Настапот само по градник е во тренд, па впечатокот кај неа воопшто не е лош, кога е во прашање градниот кош.
6. Бивша македонска ријалити убавица во најгледаното регионално реално шоу „Задруга“, која се обиде и како ТВ водителка во Србија, а сега одлично котира како инфлуенсерка и модел. Можеби најбујната од познатите чии телесни атрибути мајката природа обилно и ги подарила, а таа напомош ја повика естетската хирургија, која останатото го коригирала и надградила. Силиконска нимфа, чија предница како што се вели, „две минути оди пред неа“ и прва се појавува од зад аголот, додека вас ве „скокотка ѓаволот“ и останувате со фаца блажена.
7. Манакенка и модел, некогашна ријалити ѕвезда, сопственичка на бутик за женска гардероба во најјужниот град во Македонија. Од тоа кога прв пат се појави, до ден денешен изгледот и е тотално променет. Но, без оглед на тоа нема шанси да не ја препознаете кога ќе ја видите или барем во нејзините силиконски облини долго да не се загледате. Зашто колку и да ви личи на некоја српска старлета, таа е не авион, туку ракета!
8. Пејачката од Битола со скопска адреса долго важеше за естраден феномен. Без ниту една своја песна стана најплтена фолкерка, поточно „фабрика за бакшиш“! Навидум слабичка, ама затоа ултра секси, со извајано га*е и полн(ет)и усни, нејзината силиконска предница е како лубеница… Всушност како две. Прашање е само кој „(ќе) го (о)бере бостанот“!?
9. Кога ќе кажете македонската лото девојка, веднаш станува јасно за која водителка се работи. Не дека е непознато како изгледа во бикини, ама ајде обидете се без да ја гледате в лице, дали би ја препознаете само по нејзините облини?
10. Таа е се попозната и побарана македонска манекенка и модел, која со една неодамнешна изјава ја разбранува јавноста, дека за под 100 евра, ни од кревет не станува. Не е нешто претерано бујна, ама не е ни рамна како даска, не е со предница налик на лубеница, туку повеќе налик на праска. Заради мода, или да привлече уште поголемо внимание на себе, неодамна стави и пирс во брадавиците, иако витото тело, долгите нозе и извајаната позадина, се доволни за да биде неодоливо примамлива.
Тоа е нашиот ТОП 10 за ова лето… Ако ги препознавте – браво, вие сте вистински познавач на женското тело. Ако пак НЕ, подолу погледнете ја целата слика… За подобро да ги запознаете и не се изненадите, ако некогаш ви се пружи таква прилика.
- Кристина Димитри
2. Андријана Петрушовска
3. Ана Стојанова
4. Вера Мештеровиќ
5. Антониа Гиговска
6. Елеонора Кочовска екс Миљковиќ
7. Александра Накова
8. Марија Луиса Тодоровска
9. Марјана Станојковска
10. Бојана Нушкова
Фото: Инстаграм принтскрин