Александар Сале Цветковиќ, фронтменот на бендот „Тропико“, пред две години се разведе од пејачката Јована Пајиќ. Сале призна дека тешко го поднесувал разводот, но истакна и дека сега е во одлични односи со поранешната сопруга.
– Сите знаете дека ја преживеав болката и се’… Се’ е нормално, мора да преживеете. Јас и Јована денес сме супер партнери во родителството, подеднакво сме строги. Децата се тука да бидат деца, а ние сме тука да бидеме родители. Се бориме, ги држиме сите конци во раце. За децата има граници, тие треба да научат да се почитуваат себеси. Децата влегуваат во одредена возраст кога сите треба да бидеме будни, да следиме се’. Јас и Јована сме воспитани така, имаме деца, нема смисла да се каже нешто грдо еден за друг, така е меѓу нас – изјави Сале за „Блиц“.
View this post on Instagram
Според него, иако не било лесно, тажните години сега се зад нив, а тие се среќни и задоволни.
– Дојдоа нашите пет минути. Поминаа некои тажни години, сите сме посреќни, позадоволни. Корона, развод, сето тоа престана. Тешко е човек да се крене од таква болка. Долго време сум на вистинскиот пат. Среќен сум, емотивно сум исполнет. Љубовта влијае на се’, јас и мојата девојка сме супер пар. Честопати не го сакам градот, се е брзо, па би отишол во природа. Малку по малку бегам од градот, мајка ми е од Власинско езеро, таму често одмарам. Езерото, зајдисонцето, изгрејсонцето, најубавото нешто на светот – изјави Сале.
фото:instagram printscreen/ greenoffice