Македонското рок трио „My Tear“ го објави новиот сингл „Истото го сакаш“. Песната е најава на неговиот втор студиски албум, кој ќе се појави на дигиталните платформи на 18 септември. На песната гостува Деан Шкартов – Деко, некогашен клавијатурист на скопските рок групи „Бадмингтонс“ и „Клержо“, кој на песната свири органа.
Албумот е сниман во „Студио 1060“ во Скопје во текот на последните две години, а како заедничко издание ќе го објават „Корпус деликти“ од Македонија, „ЏаЏаЏа рекордс“ од САД и „Поп депресија“ од Србија.
„Мy tear“ го објавиja истоимениот деби албум во 2019. Членови на бендот се Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас гитара).