ТВ презентерката Татјана Стојановска и поранешна мисица, заедно со својот партнер Михаил го искористија слободниот момент да заминат на патување од каде ги почестија следбениците со фотографи кои наликуваат на разгледници.
Ова лето Татјана летната сезона ја поминува во Хрватска, поточно во убавиот Дубровник.
Па така, Стојановска, оттаму сподели со јавноста дел од прошетките низ градот , покажувајќи како го поминале времето, покрај морето, романтичните моменти , вечери.
На една од фотографиите, Татјана позира сама, на туристичката дестинација, облечена во црно-бел фустан со бели балетанки.
Додека пак, на друга наздравиле заедно со кригла пиво во раката.
Но. сепак најчесто уживала во прегратката на саканиот.
Нејзнините следбеници им оставија само комплименти и позитвни коментари:
„Слатко“; „Уживајте“, „На здравје вечера, убав одмор, прекрасни сте“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.
Прегратки, возбуда и туристичка љубопитност биле дел од нивниот одмор како и многу моменти вредни за паметење.
Фото: Print Screen/ Instgaram/tatjana.stojanovska