Водителката на утринската програма Јована Јоксимовиќ уживаше на концертот на својот сопруг Жељко Јоксимовиќ во друштво на најпознатата хрватска пејачка.
Жељко Јоксимовиќ одржа спектакуларен концерт во Сплит, а во првиот ред беше неговата сопруга Јована Јоксимовиќ.
По тој повод, водителката на утринската програма блесна во темнозеле дводелен комплет, а во публиката ја придружуваа колешката на Жељко, хрватската пејачка Јелена Розга, како и Тончи Хуљиќ, фронтмен на култната група „Магазин“. .
Јоксимовиќ и Розга го привлекоа вниманието на сите присутни, а под серијата фотографии кои Јована ги сподели преку својот Инстаграм профил имаше коментари за нивната убавина.
– „Едната има 47, другата 43 и тешко е да се каже која изгледа поубаво. Добро е за природноста, убавината, денес ги има малку“, „Две дами“, „Преубави“ и други.
фото: printscreen/instagram/jjovanajoksimovic