Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт.
Состојки:
– 500 грама готови кори;
– 6 јајца;
– 30 милилитри кисела вода;
– 100 милилитри масло;
– 200 милилитри млеко;
– 3 лажици гриз;
– 1 лажица прашок за печиво;
– 1 лажичка сол;
– 250 грама сирење;
– 1 павлака.
Подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцата, киселата вода, млекото, маслото, гризот, брашното и прашокот за печиво, но и солта. Во друга чинија изматете го сирењето, павлаката и три јајца.
Секоја кора премачкате ја со мешавината од јајцата и гризот, а потоа со филот од сирење, па замотајте и ставете ги корите во тепсија.
Кога ќе ги потрошите сите кори и филот, премачкајте ја питата со смесата од јајца и гриз.
Печете во рерна на 200 степени Целзиусови околу 45 минути.
На здравје!
Извор: Курир