Во време кога естетските операции веќе не се сениште, изгледот на Милица Тодоровиќ е сосема природен. Пејачката одбива да оди под нож бидејќи, како што вели, е целосно задоволна со себе.
– Не се жалам дека имам мали гради, ги сакам такви какви што се. Навистина немам потреба да ставам силикони затоа што ако имав верувајте до сега ќе ги направев.
View this post on Instagram
Кога само ќе помислам дека треба да се исечам на местото каде што се наоѓаат жлездите и каде што треба утре да го дојам детето, стомакот ми се превртува наопаку. Немам сила за тоа, плашлива сум. Сосема ми е добро во сопствената кожа и не би менувала ништо – изјавила Милица и додала дека луѓето околу неа често се шегуваат на сметка на нејзината мала предница, како и ја повикуваат да оди „под нож“:
View this post on Instagram
-Пријателите постојано ме убедуваа: „Ајде Милице, ние ќе ти платиме за еден силикон, а ти додавај пари за друг“. Еден клавијатурист кој со години работи со мене еднаш ми рече: „Леле, ајде Милице, стави малку нешто во градите за да изгледа како нешто“. Секогаш се смеам на тоа, ама џабе, ги сакам и вака мали. Дури и стилистот често ме критикува и ми вели да ставам нешто во фустанот за да ми се истакнат градите.
Убавата пејачка истакнува дека нема ништо против жените да посетуваат пластични хирурзи, иако таа самата не е една од нив.
фото:Instagram printscreen/ milicatodorovicofficial