Пејачката Александра Пријовиќ имаше посебна причина за славење на 19 август.
Имено, нејзиниот сопруг Филип Живојоновиќ славеше роденден, 39-ти по ред.
Таа му се обрати со емотивна порака на Инстаграм заедно со прекрасна фотографија од нивното патување.
Инаку, Прија често во интервјуата што ги дава за медиумите истакнува дека нејзиниот сопруг Филип и е најголемиот поддржувач во животот, особено кога е во прашање нејзината кариера и дека сето тоа всушност е негов успех.
Двајцата се заколнаа на вечна љубов во јуни 2018 година, а во март следната година добија син кого го нарекоа Александар.
Филип во една прилика откри непознати детали од нивниот живот и каква е Александра кога ќе се налути.
Таа по природа не е некој што може да се налути, туку го кажува тоа што ѝ паѓа на ум во секунда, но никогаш не молчи. Јас обично сум првиот што попушта, а таа е темпераментна. Александар најмногу ја расположува – рекол Филип, а потоа признал како започнала нивната љубов.
-Од првиот ден бевме еден тим и функциониравме како една душа и тело, се беше природно, и кажав по десет дена врска дека ќе се омажам за неа. Ме купи, затоа што видов дека е жена која кога сака нешто тргнува по тоа – откри еднаш Филип за тамошните медиуми.
фото: printscreen/instagram/