Радио Милева бебешко стапало

„Ќе морам да се оперирам“: Бремената сопруга на Дарко Лазиќ има здравствен проблем

„Ќе морам да се оперирам“: Бремената сопруга на Дарко Лазиќ има здравствен проблем

Катарина Лазиќ, сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, е бремена во осмиот месец.

Овој среќен пар очекува девојче, кое на Каца ќе биде прво, а на Дарко трето.

Катарина е нормално активна на социјалните мрежи, па често одговара на различни прашања од нејзините следбеници.

Кога објавила фотографија со трудничкиот стомак, многумина помислиле дека се гледа бебешко стапало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Lazić (@katarinalazic_24)

Сепак, како што објасни Катарина, станува збор за здравствен проблем кој го има уште од детството.

– Не се гледа стапалото на бебето, се гледа кила на стомакот над папокот. Го имав како дете, но не се гледаше додека не почна да ми расте стомакот. Како што вели докторката, тоа се решава само со хируршка интервенција, и тоа кога ќе решам повеќе да не забременам. Засега не можам ништо – објаснила таа.

На друга објава таа објасни зошто не се здебелила многу за време на бременоста.

– Колку килограми ќе се здебелите за време на бременоста зависи исклучиво од тоа како се храните, но поважно од тоа да бидете во форма е да се храните здраво… само, морам да ве разочарам, не треба да јадете за двајца, и на вашето бебе не му требаат пица, слатки и слично, па како и да се оттргнете од нездравата храна, немате никаква корист. Моментално сум во 8-ми месец и до сега се здебелив 3 кг, не тренирам неколку месеци затоа што не ми се допаѓа, но цело време се хранам здраво. Драги мои жени, без разлика дали сте бремени или не, сакајте се и мислете на своето здравје, а вашата форма ќе дојде како резултат на здрави навики – напиша таа.

Фото: print screen/instagram/katarinalazic_24

To top