Растурената или нуклеарна штрудла го добила тоа име затоа што сите состојки се мешаат и се излеваат во плех, а вкусот е феноменален.
Состојки:
– 150 грама сечкани бадеми;
– 5 јаболка;
– 5 јајца;
– 2 чаши брашно;
– 1 чаша масло за јадење;
– 1 чаша шеќер;
– 1 ванилин шеќер;
– 1 прашок за печиво;
– 4 лажици млеко;
– 2 лажици рум.
Подготовка:
Помешајте ги сите состојки освен јаболкото и бадемите. Тестото ставете го во сад за печење премачкан со масло. Јаболката излупете ги, па исечете ги на тенко или крупно изрендајте ги, и ставете ги над тестото.
Над јаболката додадете ги исечканите бадеми. Ставете го колачот во загреана рерна на 180 степени Целзиусови и печете околу 25 минути.
На здравје!
фото: FreePick