Македонската пејачка Андријана Јаневска е активна на социјалната мрежа Инстаграм. Таа со камерата секогаш успева да го долови убавиот момент и да го сподели со своите фанови.
И овој пат беше така кога пејачката на профилот сподели еден од миговите на плажа во кој уживала и посочи дека тоа е она што за неа претставува идеален одмор.
Во преден план на фотографијата се двата сина, Димитар и Кристијан кои се занимаваат со песокот на плажата каде се сместиле. Но, во долниот дел на сликата наѕира книгата која таа ја држи во рака со која потврди дека се посветила на читањето и за време на одморот, додека го слуша звукот на брановите.
Времето на одмор дефинитивно секогаш го поминува активно , а на селфи фотографијата на кратката приказна позирала и водена во костимот за капење со капа на главата за заштита од жешкото сонце.
Јанева моментално се наоѓа на тајна локација и плажа , но не е важно каде е кога знае како да ужива.
фото: print Screen/ Instagram/andrijana_janevska