Радио Милева компликации

Наташа Беквалац замина на естетска операција, па зажали: „Се каам, никогаш повеќе не би го направила тоа“ (фото)

Наташа Беквалац замина на естетска операција, па зажали: „Се каам, никогаш повеќе не би го направила тоа“ (фото)

Пејачката Наташа Беквалац важи за една од најубавите жени на јавната сцена, а многу пати се зборувало за нејзините естетски зафати.

Наташа Беквалац еднаш отворено проговори за естетските операции кои ги правела и признала дека горко се покајала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Ги поправав градите и се покајав. Ако имав временска машина, никогаш не би го направил тоа, би останала природна. Секогаш има некои компликации, секогаш кога има естетска операција. Никогаш не би допрела ништо на себе да не допрев – изјави еднаш Беквалчева во емисијата „Амиџи шоу“.

Наташа има две ќерки од двата брака Хана и Катја, а во една прилика истакна дека е тешко да се биде самохран родител.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Јас сум во родителството сама. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што прилично ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се две работи кои ме исполнуваат и ме окупираат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред –  изјави неодамна Наташа.

– Се што е големо е тешко. Сметам дека мојата улога е одлична. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да имаш тинејџерка и мало девојче во куќата. Ги родив, ги воспитувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент, но ги гледам и нивните татковци – додаде пејачката во таа прилика.

фото: printscreen/instagram/bekvalceva

To top