Фрустрирачки е да се види дека перниците стануваат жолти бидејќи е малку веројатно дека ќе можете да се ослободите од дамките – освен ако не го користите вистинскиот производ.
Перниците особено се валкаат во текот на летото затоа што повеќе се потите навечер. Добрата вест е што можете да ги исчистите на многу едноставен начин со помош на еден производ.
Имено, ако ги перете во машина за перење со таблета за миење садови, перниците ќе изгледаат како нови.
Иако може да изгледа чудно, таблетата е многу ефикасна во избелувањето на дамките од ткаенината бидејќи е дизајнирана да делува на дамки, маснотии и други флеки.
Нема специфична температура на која мора да ја перете облеката заедно со оваа таблета, 60 степени ќе бидат доволни.
Може да ги оставите перничињата да се исушат на сонце бидејќи помага и при избелување.
фото: Freepick