Промотер

Легендарниот македонски ДЈ доби своја песна – „Dj Crazy Славе наш“ (ВИДЕО)

Легендарниот македонски ДЈ доби своја песна – „Dj Crazy Славе наш“ (ВИДЕО)

Минатиов викенд, поточно во сабота, на 3-ти август 2024 година во Струга се одржа промоција на новата песна и видеозапис посветени  на легендата на македонското диџејство и еден од пионерите о оваа област, единствениот Славе Келешовски или како што е познат откако пред многу години замина да живее во САД, Dj Crazy Slave.

Нумерата e насловена како „Dj Crazy Slave наш“, а ја исполнуваат популарниот Мето Ди Флеш, Фичо и Dj Crazy Slave. СВрз темелите на музиката на германскиот рап квартет Die Fantastischen Vier (The Fantastic Four),  стиховите ги напишале Миодраг Врчаковски и Методи Поповски попозанат како Мето Ди Флеш, кој ја снимил песната, направил, аранжманот, како и миксот и мастерингот во неговото истоимено студио.

Во видеото се искористени мноштво фотографии од различни периоди на животот и рдиџејската работа на Келешовски,како и соработката и дружењето со некои од најголемите екс ЈУ ,музички ѕвезди, чии концерти своевремено ДЈ Славе и ги организирал во Струга, Охрид и некои други места низ Македонија.

„Настапував како Ди-џеј со својата Патувачка Disco Expres во повеќе градови во Македонија и поранешна Југославија. Патувајќи често во поранешна Југославија имав можност да запознаам повеќе луѓе од естрадата со кои што почнав и соработка. Организирав концерти насекаде по Македонија со многу познати естрадни звезди: Црвена Јабука, Бајага и Инструктори, Галија, Бора Чорба, Рамбо Амадеус, Леб и сол, Меморија, Аки од Парни Валјак, Јелена Тинска, Викторија, Жељко Бебек, Масимо Савиќ, Зана Нимани, Ален Славица…. Списокот е долг и веројатно некои и сум заборавил да ги спомнам во моментов“ – ќе изјави ДЈ Славе во едно свое интервју.

Инаку, шансата да се прослави како одличен ДЈ ќе му се пружи кога во организација на естрадната ревија “Екран” почна да функционира манифестацијата Избираме Најдобар Ди-џеј во Македонија и тоа во некогашниот Диско Турист во Скопје. Станува трократен победник на тие избори во далечните 70-ти .Така поцна неговиот животен диџејски пат ќе го води како познат ДЈ низ мноштво дискотеки  како Младински, Јуниор, Алга, Бисер, Градиште, Крани, Еуро хотел, Лагадин…

Како звучи песната и како изгледа видеото за истата посветени на „Dj Crazy Славе наш“ – проследете во продолжение:

To top