Пред пет месеци македонската актерка Емра Куртишова(38) попозната како Исаура од улогата во популарната серијата „Преспав“, се оствари во најубавта животна улога – стана мајка.
Емра и нејзиниот сакан сопруг и колега Петар Стојанов добија девојче на кое му го дадоа името Лена.
Малата наследничка е центарот на нивниот универзум, а за разлика од повеќето познати, тие не се штедеа од самото раѓање да и ја претстават Лена на јавноста.
Театарот и „даските што живот значат“ се вториот дом на мама и тато, а како што тргнале нештата, воопшто нема да биде необично ако тоа биде случај и со ќерката на актерската двојка.
Емра сака сите да ја видат нејзината среќа, а како тазе мајка ретко се двои од Лена која веќе почна да ја носи кај колегите во Театар за деца и младинци, да ја почувствува енергијата и магијата.
Емра периодов е актуелна со улогата во филмот „Недела“ каде ја глуми мајката на Џеј Рамадановски, а исто како и мама деновиве пред филмска камера се најде и Лена.
„Првиот филм на Лена. Мала актерка“, напиша гордата мајка која ги објави кадрите од филмската камера од каде Лена ќе има спомен дека уште од времето кога пождригнувала млеко на мајчиното раме, камерата не и била туѓа.
Овие моменти секако беа преслатки за следбениците на познатата актерка која во коментари доби најмногу срциња за нејзината мала неодолива глумица.
фото:Instagram printscreen/ emra.kurtishova