Радио Милева ептен ја погоди

На Тамара Тодевска ептен и се направи меракот на плажа во Грција: Тоа што таму го слушна за неа беше шок, ама и слатко задоволство (видео)

На Тамара Тодевска ептен и се направи меракот на плажа во Грција: Тоа што таму го слушна за неа беше шок, ама и слатко задоволство (видео)

Со деца, без деца, со дада Тијана, пријатели, а секогаш во друштво на саканиот Лука, Тамара Тодевска летово направи неколку летни тури на море во Грција.

Викендов реши повторно да го помине на море, сместена во Дојран, па близу преку граница и беше лесно да си направи забава и време за уживање  и релаксација на најблиската дестинација до морето.

Токму во тие убави моменти препуштена на плажата, морето, сонцето песокот, коктелчето, љубовните вибрации, сетилото за слух регистрираше познати звуци, на плажа почна да свири нејзиниот хит „1003“.

Па така изненадена од изборот го зема мобилниот и горда на своето реши овој миг да го сними.

„1003“ е еден од најголемите хитови на Тамара кој има и српска верзија, а поради тоа што Србите се доста бројни туристи кај нашиот јужен сосед, овој музички избор беше за нивни мерак, ама излезе најголем за Тамара.

фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska

 

 

To top