Поранешната цимерка на Александра Пријовиќ нема убави зборови за својата пријателка.
Александра Пријовиќ, без сомнение, веќе подолго време е во самиот врв на српската музичка сцена. Нејзините концерти низ регионот се распродадени со денови однапред, а таа пее хитови и за сите генерации.
Пошироката јавност ја запозна во конкуренција на „Ѕвезде Гранда“, каде што го освои четвртото место во сезоната 2013 година.
Оттогаш до денес нејзината кариера е само во нагорна линија, а кај публиката стекна големи симпатии за хармоничниот семеен живот кој го дели со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Александар.
Како и да е, бидејќи толку долго е во јавниот живот, би можело да се заклучи дека горе-долу се се знае за животот на Александра Пријовиќ. Но, се покажа дека не е така.
View this post on Instagram
Александра Младеновиќ гостувајќи во емисијата „Претрес“ на телевизијата Хајп се присети на времето кога биле цимери. Тие се скарале кога Прија ја обвинила својата колешка дека направила лажен профил од кој негативно го коментирала нејзиното пеење.
– Тоа многу ме повреди. Подоцна сакаше да се бакнеме пред камерите и јавно да ми се извини затоа што сфати дека не го направив тоа. Се разбира, не се согласив со тоа. Јавно ме клеветеше насекаде, а сега да се однесувам како ништо да не било – искрено призна Александра Младеновиќ.
View this post on Instagram
Како што изјавила, кога ќе се сретнат се поздравуваат и разговараат. И тоа е тоа.
– Одевме заедно во црква, се молевме пред натпреварот – нагласи таа.
На прашањето зошто ја обвини Александра Пријовиќ, таа одговори:
– Не знам. Тогаш бев млада, не ни размислував за тоа. Таа многу ме повреди. Сите ме критикуваа за нешто што не сум го направила, заврши таа.
фото:Instagram printscreen/ aleksandra_mladenovic_/ aleksandraprijovic