Живот и стил

Што ќе му се случи на нашиот организам ако секој ден јадеме сладолед?

Што ќе му се случи на нашиот организам ако секој ден јадеме сладолед?

Иако сладоледот содржи некои витални материи за организмот како калциум, витамини Д и А, тие не се во доволни количини за да имаат позитивен ефект врз здравјето.

Она што сигурно го има е многу масти и шеќер, така што не треба да се потпирате на сладолед за да ја добиете вашата дневна доза од овие витамини и минерали.

Секојдневното консумирање сладолед може да влијае на телото и здравјето на многу начини, а некои од факторите можат да бидат поштетни од другите.

Чувствителност на забите

Забите можат да бидат чувствителни на ладна, топла и кисела храна и пијалоци, а тоа се случува кога забната глеѓ, обвивката што ги покрива забите, непцата и нервните завршетоци на забите е изложена.

Ако се сомневате дека чувствителноста на забите може да е ваш проблем, јадењето сладолед секој ден ќе го потврди тоа. Задолжително посетете го вашиот стоматолог, а доколку во меѓувреме продолжите да јадете сладолед, не гризете го, туку лижете го, пренесува Б92.

Може да помогне во градењето мускули

Тренерот на славните и нутриционист Џеј Кардиело верува дека шеќерите во сладоледот помагаат во градењето на мускулите и го спречуваат разградувањето на протеините со зголемување на нивото на инсулин во телото.

Тој додава дека сладоледот може да биде корисен и до два часа по тренингот. Сепак, докторката Кристи Фанк смета дека, иако има одредена вистина во тоа дека сладоледот после тренинг е добар за опоравување, не треба да се претера. „Важно е колку сте вежбале“, вели д-р Тревис Шторк, кој верува дека јадењето сладолед после тренинг не е идеален избор.

Може да го наруши сонот

Студијата објавена во Журналот за медицина за спиење покажа дека јадењето храна со малку влакна и заситени масти е поврзано со подобар сон. Конзумирањето повеќе шеќер, особено ноќе, ја намалува количината на длабок сон што го регенерира телото.

Експертот за сон Крис Винтер верува дека сладоледот после вечерата или јадењето многу масна храна пред спиење нема да ги реши проблемите со спиењето кај повеќето луѓе. Доктор Винтер советува дека е подобро пред спиење да изедете банана која е богата со магнезиум и на тој начин го подобрува сонот.

Влијание врз расположението и здравјето на мозокот

Докторката Ева Селхуб додава дека храната со висока содржина на масти и шеќери, како што е сладоледот, е штетна за мозокот. Бројни студии открија корелација помеѓу исхраната богата со рафинирани шеќери и нарушената функција на мозокот, па дури и влошувањето на симптомите на нарушувања на расположението, како што е депресијата.

Најверојатно ќе се здебелите

Иако сладоледот е омилено задоволство за многумина, неговото секојдневно консумирање може да предизвика зголемување на телесната тежина, дијабетес и негативно да влијае на здравјето на срцето.

Може да биде штетно за срцето

Јадењето висококалорична, масна и тешка храна како сладолед секој ден секако не е добра идеја. Една студија на пациенти со срцев удар покажа дека луѓето имаат поголема веројатност да добијат срцев удар или други сериозни коронарни проблеми откако ќе изедат невообичаено тежок оброк.

Храната со висока содржина на масти и шеќер предизвикува нагло зголемување на инсулинот и триглицеридите во крвта, го зголемува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, предизвикува затнување на крвните садови, што може да предизвика срцев удар.

фото:Freepik

To top