Водителката Јована Јеремиќ веќе неколку месеци ужива во љубовта со бизнисменот Драган Станковиќ. Позната по својата секојдневна „ексклузива“, и овој пат Јована сега ги изненади сите со добра вест, дека таа и Драган можеби ќе добијат дете.
Како гостинка во еден поткаст, Јована Јеремиќ навести дека можеби е бремена. Само, дали е или не е – се’ уште ни самата не знае? Водителката сепак остана мистериозна, остави простор за размислување, но судејќи по нејзината насмевка, можеби наскоро ќе ја израдува јавноста со добри вести?!
„Чувствувам дека ќе имам лични промени во позитивна смисла. Можеби сум бремена, не знам, сега сум во таа фаза кога сè уште не знам. Можеби сум бремена, ова е ексклузивно за тебе“ – и изјави Јована на колешката Сања Ќулибрк при гостувањето во нејзин ниот подкаст „Причаоница“.
Фото: Инстаграм/jeremicjovana