За сестите Тамара и Тијана, килограмите се честа тема на дискусија, која колку ослабена или накачила, најдобро покажува и им докажува вагата, па тие секоја со својата „тежна“ си го бара черето.
Ама летото е пред нас, време кога расоблекувањето во костим за капење доаѓа некако природно „задолжително“.
Со нешто плус или минус во килограми, секој од нас се препушта на уживање, а на Тијана и дојде редот за одмор на море со сопругот.
Пејачката, инструменталистка, па и актерка се одлучи за бикини варијанта и покажа како стои со телесна форма за тековната сезона.
Веројатно задоволна, самодоверба и сатисфакција на ниво, Тијана се разладува во топ форма.
Својот миленик не го понесе преку граница, но затоа си најде ново крзнено пријателче со кое направи фотка за спомен.
Време е само за уживање, а она што е повеќе или помалку од бројките на вагата, може да остане и само таму, барем засега, па нели лето е…
фото:Instagram/tijana dapcevic