Радио Милева меѓу најбараните

Егзотична турска убавица за која велат дека е поубава и од Адриана Лима: Афра е бомба во бикини- ја гледавме во „Ќерките на Фазилет“, а сега во „Златен кафез“ (фото)

Егзотична турска убавица за која велат дека е поубава и од Адриана Лима: Афра е бомба во бикини- ја гледавме во „Ќерките на Фазилет“, а сега во „Златен кафез“ (фото)

25-годишна девојка веќе има постигнато голем број успеси во нејзината актерска и манекенска кариера и важи за најбарана актерка во Турција.

Афра Сарачоглу е актерка со егзотична убавина за која новинарите ја нарекоа турската Адријана Лима.

Дури и во нејзиниот приватен живот, односите со постарите мажи се чини дека не и се туѓи. Згора на тоа, Афра е позната по наклонетоста кон постарите мажи, што и се припишува на нејзиниот недостаток од нејзиниот татко во детството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afra (@afrasaracoglu)

Таа пораснала речиси без да го запознае, а нејзината мајка работела во агенција за недвижнини и се борела да „врзе крај со крај“, па на рана возраст Афра започнала да работи и да заработува пари снимајќи реклами и како манекенка.

„Мајка ми и татко ми се разведоа кога бев многу мала. Причината беше незаинтересираноста еден за други. Мислам дека тоа е поврзано со карактерот на тато, но сигурно и двете страни не беа коректни. Сепак, тој секогаш требаше да биде со своето дете “, рече актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afra (@afrasaracoglu)

Имаше само 18 години и беше на почетокот на нејзината кариера кога го запозна 25-годишниот актер Озчан Дениз. Запаметен е од локалната публика по серијата „Истанбулската невеста“, во која го глуми Фарук, но и од „Судбина“. Во приватниот живот, тој е познат по тоа што често менува партнери и тоа помлади од него.

Мајката на Афра видела реклама на својот Инстаграм профил и се распрашала за филмот, па Афра отиде на кастинг и после два часа дозна дека ја добила улогата. Афра и Озчан, наводно, биле заедно една година, сè додека не се вљубил во друга.

На сетот на „Ќерките на Фазилет“ во 2017 година имаше афера со асистент режисерот Ереј Алтај, кој исто така беше во врска со сестрата на режисерот на серијата, Гакчен Усте, па мораше да ја напушти работата. Таа во моментов е во среќна врска со 26-годишниот турски актер Мерт Јазичиоглу, а публиката го памети од серијалот „Црна роза“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afra (@afrasaracoglu)

Денес, Афра е ѕвезда на серијата „Златен кафез“, а нејзиниот атрактивен изглед често привлекува внимание, како во Турција, така и надвор од границите на нејзината земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afra (@afrasaracoglu)

„Шпанија е секогаш добра идеја“, напишала Афра во описот на објавата додека пие коктел и ги впива сончевите зраци, а обожавателите ја опсипале со комплименти.

„Најубавата девојка на светот“, „Толку си убава“, „Супермодел“, „Поубава и од Адријана Лима“, се само дел од коментарите.

фото:Instagram printscreen/ afrasaracoglu

To top