Пејачката Ема Радујко предизвика бурни реакции во јавноста, прво со слики и видеа кои ги објави на социјалните мрежи, а потоа и со експлицитно видео на кое пркосно танцува со танчерот, во периодот кога била малолетна.
По успехот на музичката сцена, следеа настапите на фестивали и клубови, за кои најмногу се пишува поради тоа што таа се појавува во танга.
Ема беше вљубена во фудбалерот Урош Рачиќ, а во неколку наврати зборуваше за неговите колеги. Така таа при едно гостување за најдобри момци ги избра Лука Јовиќ и Душан Влаховиќ. Открила и дека Влаховиќ и праќал пораки, а сега „фрлила око“ на друг фудбалер.
„Кого би издвоила? Во моментов немам баш фаворит, но ајде, ќе го издвојам Вања“, а на прашањето дали затоа што брани подобро или затоа што изгледа добро, таа одговори: „ Затоа што подобро брани“, изјави низ смеа за „Телеграф“.
На пејачката која е висока 162 сантиметри очигледно и се допаѓаат високи мажи, па голманот Вања Милинковиќ-Савиќ со своите 202 сантиметри и „падна во очи“.
фото: printskrin/instagram/vanja_32/emaradujko/ YouTube