Бојана Ристивојевиќ стави силикони, иако претходно изјавуваше дека никогаш нема да ги зголеми градите. ТВ водителката важи за една од омилените, но и најубави водителки на утринската програма, а сега уште еднаш покажа зошто ја краси ваква „титула“.
Со години ја гледаме на домашните ТВ екрани, а нејзиниот природен изглед отсекогаш бил карактеристичен. Сепак, Ристивојевиќ неодамна си вгради силикони, а таа сега на својот Инстаграм профил може да се пофали со жешки фотографии од Турција во костим за капење, на кои јасно се гледа нејзината нова бујна „ремонтирана предница“.
Бојана на споменатата социјална мрежа објави серија фотографии во провокативно бикини. На сите им паднаа во очи нејзините нови гради, кои постојано сега ги истакнува. Популарната водителка еднаш изјави дека и претходно имала желба да вгради силикони, но потоа се откажала од таа идеја.
„Не би менувала ништо на себе, вештачките трепки се тешки кога ги ставам, па едвај чекам да ги симнам. Вештачките нокти се кршат по неколку дена. Се мислев за силикони некое време, но потоа сфатив дека би било погубно затоа што ако не ми се допаѓаат, што ќе правам?
Што ако пак го посакам мојот природен изглед и затоа не мислам дека би била посреќна ако имам поголеми усни, гради или задник“, изјави водителката оддамна за домашните медиуми, но очигледно сега се премислила.
Фото: Инстаграм/bokalica