Месец јуни, температури какви немавме изминатите години, летото наместо на 21-ви јуни, реши да дојде порано.
Кога е веќе така, логично надоврзување е останатите денови од ланските одмори да се искористат каде ако не на плажа.
Таква идеја, па брзо решение од реализација направи и нашиот познат актер Сашко Коцев и неговата Смиљана, веројатно и заедно со ќеркичката Јоана. Ама, место на оваа прва летна фотографија имаше само за него и неа.
Седнати еден до друг под сонцето, онака по маичка или кошула за да не изгорат брзо, а најважниот аксесоар кој го носеа со себе, освен очилата за сонце, им беше насмевката.
Локацијата не ја открија дали се на море или езеро, ама дека изборот е плажа беше јасно видлив.
Сашко многу ретко објавува фотографии со сопругата која по професија е докторка, а во брак се 12 години. Сашко даде „тајм ајт“ за театарот, стендапите, филмската камера, а Смиљана од ординацијата. Епа, наздравје сефте одмор!
фото:Facebook/ Sasko Kocev