Новинарката и водителка на телевизија Алфа, Ивана Јаневска, има двојна и најубава животна причина за огромно славење!
Само еден ден пред нејзиниот роденден, животот ѝ го приреди најскапоцениот подарок што една жена може да го посака – таа стана мајка по вторпат и на свет донесе здраво и живо женско бебе на една од приватните клиники во Скопје.

Радосната вест веднаш донесе бескрајна среќа, солзи радосници и топлина во нејзиното семејство, а моментите од болничката соба предизвикаа дополнителни реакции упатени за тазе породената мама.
На емотивните фотографии, мама Ивана блеска од среќа веднаш до креветчето на малата наследничка, задоволна на се’ она што и го приреди животот.
Новородената принцеза, која пристигна во најубавиот можен момент да го круниса роденденот на својата мајка, доби традиционално и звучно македонско име – Илина.
Покрај малата Илина, срцето на Ивана веќе седум години чука и за нејзиниот првенец, синот Калин, кој сега со гордост ја презема улогата на постар брат.

Со пристигнувањето на ќеркичката, семејната идила на водителката стана уште побогата и поисполнета, докажувајќи дека најубавите животни приказни се пишуваат спонтано.
фото:Facebook/ Ivana Janevska/Acibadem Sistina Hospital/janevskaiv/Magnific





