Радио Милева моќно значење

Саша Ковачевиќ откако го покажа новороденото синче откри и кое популарно име му го даде

Саша Ковачевиќ откако го покажа новороденото синче откри и кое популарно име му го даде

Еден од најпопуларните поп-пејачи на Балканот, Саша Ковачевиќ, има огромна причина за славење! Неговата сопруга Зорана Тасовац вчера (16. Ноември) се породи и на свет донесе здраво машко бебе, што е нивно прво заедничко дете по неодамнешната тајна венчавка и долгата десетгодишна врска.

Пресреќниот татко веднаш ги сподели првите емоции со јавноста, откривајќи дека парот за својот наследник го одбрал преубавото и моќно име – Алекса.

Името има силно историско значење („заштитник на луѓето“), а воедно е модерно и унисекс, што било пресудно при изборот на познатиот пејач и неговата избраничка.

Инаку, Саша Ковачевиќ со години важи за исклучително посветен партнер, а ќерката на Зорана од нејзиниот претходен брак отсекогаш ја гледал и ја сакал како свое родено дете.

Доаѓањето на малиот Алекса само ја круниса нивната голема љубовна приказна, а честитките од колегите и фановите од целиот регион, вклучително и од Македонија, не престануваат да пристигнуваат.

фото:Instgaram printscreen/sashakovacevic

To top