Радио Милева вештачки сјај

Гавазова се „изгуби“ во новото технолошки супериорно време- пробај, па познај ја

Гавазова се „изгуби“ во новото технолошки супериорно време- пробај, па познај ја

Ерата на социјалните мрежи одамна нè навикна на филтри, ублажени линии и вештачки сјај. Но, со експлозијата на вештачка интелигенција (АИ), сите, па и естрадата се соочувaат со нов и досега невиден визуелен предизвик.

Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова сè почесто се „лови“ на мамецот на овие АИ алатки, а нејзиното последно стори на Инстаграм предизвика лавина коментари и сериозни прашања:

Каде исчезна Сузана?

Па така, ако на Инстаграм „стори“ објавите гледате дека споделеното е од нејзиниот личен профил, но на фотографиите е некоја друга жена, помалку слична на неа, воопшто не се двоумете- тоа е таа, само коригирана со помош на сите алатки кои ги нуди современата технологија, а таа очигледно баш ги владее.

Со толку многу дигитални корекции што нејзиниот личен идентитет и препознатливи црти се речиси целосно избришани. Лицето е доведено до пропорционална „совршеност“ карактеристична за АИ аватарите – порцеланска кожа, нагласени усни и поглед на кукла жива .

Овој екстремен визуелен тренд го отвора прашањето – дали желбата да се биде во тек со дигиталната еволуција не нè води кон целосно губење на сопственото „јас“?

фото:printscreen/instаgram/suzanagavazova/

To top