Додека на главната сцена на „Макфест“ се кршеа копјата за најдобра песна, вистинскиот земјотрес се случуваше зад сцената.
Новото освежување на македонскиот ТВ етер, Дани Јовановиќ, со својот провокативен и супер-атрактивен изглед едноставно „проголта“ сè околу себе во бекстејџот на Макфест!
Годинашното издание на „Макфест“ донесе одлична музика, но и вистински моден спектакл. Покрај искусната Јана Бурческа со која совршено менаџираа со атмосферата зад сцената, очите на јавноста и на присутните беа цврсто приковани за нејзината колешка – прекрасната Дани.

Убавицата која публиката веќе добро ја запозна како свежо и харизматично лице од Третиот канал на Македонската телевизија (МРТВ), уште еднаш покажа дека поседува холивудски гламур, но и неверојатен сексапил.
Дани не остави ништо на случајот и во двете фестивалски вечери се појави во комбинации кои го одземаа здивот. Сепак, главниот адут на нејзиниот стајлинг, кој веднаш стана тема број еден во кулоарите, беше нејзиното раскошно и хипнотизирачко деколте.
Првата вечер таа блесна во елегантен, но исклучително смел црн блескав фустан со длабок V-израз, надополнет со долги софистицирани ракавици, кој совршено ја нагласуваше нејзината беспрекорна линија.

Втората вечер приказната продолжи во сличен, атрактивен стил – темна тоалета каде повторно во преден план дојдоа нејзините бујни атрибути додека професионално земаше изјави од учесниците во бекстејџот.
Со ваков стајлинг, Дани успеа да направи вистинска атракција зад сцената.

За оние кои се прашуваат од каде одеднаш се појави оваа убавица со холивудски изглед, вистината е дека Даниела Дани Јовановиќ воопшто не е ново име за јавноста, туку добро познат професионалец.
Таа е дипломиран новинар, а гледачите со подолго паметење ја знаат како препознатливо ТВ-лице од емисиите „Автомагазин“ и „Во недела попладне“. Покрај тоа, Дани долги години успешно работи и како модел и моден инфлуенсер, соработувајќи со големи брендови.
Сепак, она што ја прави нејзината приказна уште поинтересна е нејзиниот приватен живот. Изминативе четири години, Дани со своето семејство – сопругот Ивица и нивните две деца – живееше во луксузниот Дубаи. Таму, покрај семејните обврски, таа изгради успешна кариера снимајќи бројни рекламни кампањи за тамошни престижни компании.
Но, љубовта кон медиумите и родното Скопје ја вратија назад во татковината, директно на Третиот канал на Македонската телевизија, каде моментално ја води емисијата „Во ритамот на тројка“.
фото:Instagram printscreen/id.jovanovic





