Пејачката Неда Украден (76) повеќе од половина век е присутна на музичката сцена, а во текот на долгогодишната кариера успеала да обезбеди финансиска стабилност и да вложи пари во недвижности.
Сепак, и покрај успехот во приватниот бизнис, таа не размислува за повлекување од сцената.

Неда паметно ги вложувала парите што ги заработила со пеење, па така ја реновирала својата родна куќа во Имотски, а во близина изградила и луксузна вила со пет ѕвезди, која ја издава на туристи во текот на летната сезона.
Цената за едно ноќевање во оваа вила достигнува и до 2.300 евра, а приходот од изнајмувањето во текот на сезоната, според претходните наводи, може да достигне и до 60.000 евра. Тоа значи дека пејачката може да оствари значителна заработка и надвор од музичките настапи.

Меѓутоа, кога станува збор за пензијата, Неда нема дилема. Таа јасно порача дека не се согласува со идејата дека луѓето треба да престанат да работат кога ќе достигнат одредена возраст.
„Каква пензија, јас би ја укинала. Би ја забранила“, категорична беше пејачката.
Својот став го објасни и со тоа што не знае како би ги поминувала деновите доколку се повлече од работата и остане дома.
„Не знам што прават луѓето во пензија, навистина. Што ќе правиш дома, ќе ги гледаш овие страшни војни, целата оваа беда и мизерија?“, порача Неда за „Ин магазин“.
foto: printscreen/instagram





