Радио Милева Фотографиите ги разбрануваа мрежите

Џенифер Лоренс со „ново лице“ ги разбранува мрежите: „Таа беше една од ретките што не мораше ништо да менува“ (ФОТО)

Новата фотосесија на оскаровката за „The Cut“ предизвика лавина коментари за нејзиниот изглед и шпекулации за естетски интервенции.

Џенифер Лоренс со „ново лице“ ги разбранува мрежите: „Таа беше една од ретките што не мораше ништо да менува“ (ФОТО)

Новите фотографии на актерката Џенифер Лоренс предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. По фотосесијата за магазинот „The Cut“, нејзиниот изглед стана тема на коментари на платформата Икс.

Оскаровката, која многумина ја сметаат за симбол на природната убавина, овој пат го привлече вниманието со поизразени јаболчници и визуелно потесно лице.

Лоренс претходно зборувала за естетските интервенции, посочувајќи дека, освен мали дози ботокс, нема намера да се подложува на поголеми зафати. Сепак, признала дека размислува за отстранување на масното ткиво од образите, процедура позната како „buccal fat removal“.

„Многу би сакала да го отстранам масното ткиво од образите, но не можам да го направам тоа бидејќи сите веднаш би дознале. Знајте дека тоа е нешто што го посакувам“, изјавила актерката.

Токму нејзините нови фотографии поттикнаа шпекулации меѓу корисниците на Икс, а дел од нив не го криеја разочарувањето.

„Што си направила со себе?“, „Ова не е Џенифер Лоренс што ја знам“, „Таа е една од ретките актерки што не мораше ништо да менува. Холивуд ги уништи жените“, се дел од коментарите.

Сепак, коментарите на социјалните мрежи и фотографиите сами по себе не потврдуваат дека актерката направила естетска интервенција.

To top