Радио Милева копија на неа

Ова е ќерката на Силвана Арменулиќ – еве како изгледа и со што се занимава нејзината наследничка

Ова е ќерката на Силвана Арменулиќ – еве како изгледа и со што се занимава нејзината наследничка

Ќерката на пејачката Силвана Арменулиќ, Гордана Арменулиќ, предава математика во гимназија, а многумина ја фалат бидејќи изгледа исто како и нејзината мајка.

Пред половина век нè напушти прочуената пејачка Силвана Арменулиќ, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, а зад себе ги остави сопругот Радмило Арменулиќ и ќерката Гордана, која во тој момент имала само 12 години.

Гордана често истакнувала дека животот ѝ бил многу тежок без мајка и дека ден-денес не може да ја преболи.

Силвана својата миленичка секогаш ја водела со себе каде и да можела, па затоа биле многу врзани една за друга. Инаку, многумина коментираат дека Гордана ја наследила убавината од мајка ѝ и дека и тоа како личи на неа.

Гордана, инаку, дипломирала математика и работи како професор во една гимназија.

Има син и не се експонира во јавноста, а многумина велат дека е евидентно оти убавината ја наследила од покојната мајка, која важела за една од најубавите жени во поранешна Југославија.

Гордана и денес не се помири со загубата на мајка ѝ, па на секој нејзин роденден се огласува на мрежите каде што ја искажува својата болка.

фото:wikipedia.org/ Printscreen/Youtube/facebook/ Gordana Armenulic

To top