Пејачката Теа Таировиќ беше итно оперирана, а сега се огласија членовите на нејзиниот тим. Како што открија од нејзината ПР-служба, пејачката се чувствува добро по интервенцијата.
– Теа Таировиќ сега е добро. Не би сакале да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе се огласи во јавноста кога ќе биде во можност. Молиме за разбирање – изјавија од ПР-службата на Теа Таировиќ.
Да потсетиме, Теа беше примена во болница, а докторите по прегледот одлучија итно да ја оперираат. Во прашање било внатрешно крвавење и пејачката била животно загрозена. По операцијата, која протекла добро, таа успешно се опоравува.
По повод итната операција, за Ало.рс се огласи и нејзината мајка Божица Малевиќ, која откри како се чувствува пејачката и ги смири загрижените фанови:
– Сè е во ред сега, таа одмара. Дома е, во прашање беше само некој капилар, така што сè е средено. Нема место за никаква паника – кратко порача Божица за порталот.

Најново е тоа што и самата пејачка се огласи на Инстграм, потврдувајќи ја својата состојба додека лежи во кревет. Теа вели дека имала внатрешно крварење во стомакот.
-За да нема шпекулации, бев оперирана. Ми пукна крвен сад во стомакот. Одбивав да бидам хоспитализирана и не го слушав своето тело. Се вратив од Франкфурт и бев оперирана тука во Србија. Сега сум добро и закрепнувам, им соопшти Теа на фановите.
фото:Instagram printscreen/tea_tairovic




