Рада Манојловиќ се присети на Саша Поповиќ и сподели драгоцен совет што ѝ го дал за време на нејзината кариера.
Пејачката Рада Манојловиќ се присети на починатиот основач на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, и откри каков драгоцен совет добила од него во текот на кариерата.

Гостувајќи во емисијата „Magazin In“, пејачката отворено зборуваше за Поповиќ и ги откри неговите зборови што засекогаш ѝ останале врежани во сеќавањето.
„Покојниот Саша Поповиќ еднаш ми рече: „Радо, ти стана голема ѕвезда. Имаше многу натпреварувачи, но да не беше ти таква каква што си, немаше да можам да те направам ѕвезда“. Потоа додаде дека од г***о не се прави пита, а дека кај мене имало материјал за пита“, раскажа Рада.

Рада Манојловиќ се појави и во документарниот филм посветен на Саша Поповиќ, во кој отворено зборуваше за поранешниот челник на „Гранд продукција“ и истакна колку тој ѝ го променил животот и ѝ го одредил понатамошниот пат.
„За мене лично, Саша Поповиќ претставува пресвртница во животот, всушност, тој ми го одреди правецот. Тој го одреди мојот професионален живот, мојот емотивен живот, а секако и… да не зборувам за целата естрада, тој ја подигна народната музика на повисоко ниво“, порача Рада во документарниот филм.
foto: printscreen/instagram/radamanojlovic






