Радио Милева секси издание

Анабела Атијас во мини тексас-фустан и чизми во ист дезен: Пејачката покажа со што располага во шестата деценија

Анабела Атијас во мини тексас-фустан и чизми во ист дезен: Пејачката покажа со што располага во шестата деценија

Анабела Атијас (51) важи за една од најпосакуваните пејачки, а гордо ја носи и титулата една од најзгодните баби на естрадата. Таа повторно ги оправда овие прекари кога на Инстаграм сподели фотографија во провокативно издание.

Анабела позираше во мини тексас-фустан со нагласено деколте. Стајлингот го надополни со чизми во ист дезен, а покрај тесниот струк и градите, до израз дојдоа и нејзините нозе.

Инаку, таа своевремено зборуваше за тоа како се храни.

„Има моменти кога се здебелувам, има денови кога внимавам и ја доведувам линијата до тоа да бидам задоволна. Никогаш не сум тежнеела кон совршенство, бидејќи не сум личност која робува на нешто. Уживам во храната и не би можела да се откажам од ништо. Затоа мислам дека на девојките генерално им е тешко со мене, но не ми е лесно ниту мене. Ќе речат: „Види ја оваа, се занела, а има ќерки, бабата полудела’. Но мене тоа ми е супер, бидејќи значи дека ги нервира тоа што толку добро се држам“, изјави таа тогаш за „Гранд“.

Да потсетиме, Анабела неодамна беше подложена на операција на очите, при што ѝ беше извршена првата интервенција, која подразбирала замена на очните леќи.

Поради процесот на закрепнување и за да го спречи ризикот од инфекција, Анabela речиси три недели не го напушта својот дом и максимално мирува.

Процесот на закрепнување ѝ паѓа многу тешко, бидејќи таа не е личност која сака да ги поминува деновите во кревет. Особено тешко ѝ паѓа одвоеноста од најблиските и привремената промена на секојдневниот ритам.

Сепак, таа е решена целосно да ги почитува советите на лекарите за закрепнувањето да помине што подобро и што поскоро да се врати на своите обврски.

foto: printscreeen/instgaram/anabelci

To top