Познатата македонска водителка и инфлуенсерка Елена Стефановска Најдоски, препознатлива по својата емисија „Живот со стил“ кој веќе подолго е на паруза, се најде во центарот на драматичните случувања кои деновиве го тресат Париз.
Наместо романтична и мирна атмосфера во европската престолнина на модата, Елена и нејзината група пријателки беа пречекани од шокантни сцени на масовни демонстрации, кршење и безредија по париските улици.

Својата тага и разочарување од моменталната состојба во која се наоѓа француската метропола, водителката емотивно ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од Ајфеловата кула под која напиша:
„Колку го сакам Париз и колку ми е жал што му се случува ова “
Дека состојбата е навистина сериозна и излезена од контрола, потврдуваат и следните кадри кои таа ги снимила директно од париските улици во текот на ноќта. На фотографиите јасно се гледаат последиците од пресметките – искршен урбан инвентар, расфрлани метални конструкции и хаос на коловозите.

Згрозена од сликата која ја затекна, Елена упати остри критики до насилниците и призна дека веќе копнее по сигурноста на својот дом:
„Она што го видов вчера во Париз беше нешто сосема поинакво… Насилството, вандализмот и искористувањето на вакви ситуации не можам да ги оправдам. По вчерашните сцени, гледајќи го Париз, искрено едвај чекам да си се вратам во нашата Македонија“
Сепак, гламурот не згаснува, а дружбите и стилот мораа да продолжат!
Сепак, Елена покажа дека ниту немирите во Париз не можат да го скршат нејзиниот дух и намера. И покрај тензичната атмосфера надвор, познатите пријателки одлучија дека нивните заеднички моменти не смеат да трпат поради хаосот.

Тие се засолнија во луксузен ресторан, каде што уживаа во раскошна вечера со врвно вино. Дека вечерта поминала во знакот на автентичниот париски хедонизам, покажа и следната фотографија од масата, на која кратко и јасно стои култната изрека:
„Кога си во Париз…“
Инаку, Во Париз и ширум Франција во моментов се случуваат масовни и насилни демонстрации, кои се сметаат за едни од најтешките немири во земјата во последните години.
фото:Instagram printscreen/elena_zivotsostil/Gemini(AI)





