Радио Милева почит кон неа

„Треба да ѝ се оддаде признание“: Бен Афлек истакна дека Џенифер Лопез е највредната личност што ја запознал

„Треба да ѝ се оддаде признание“: Бен Афлек истакна дека Џенифер Лопез е највредната личност што ја запознал

Бен Афлек, гостувајќи во подкастот „The Moment with Jorge and Paola Ramos“, меѓу другото, зборуваше и за својата поранешна сопруга Џенифер Лопез.

Афлек се осврна на своите претходни изјави за Џенифер Лопез, во кои изразуваше почит кон нејзината работа.
„Според мене, за навистина да ја разберете Џенифер Лопез, мора да сфатите дека таа е вистинска пионерка. Правела работи за кои ѝ велеле дека се невозможни, дека не е добредојдена и дека нема место за неа. Сè постигнала со силата на сопствената волја“, изјави Афлек, пренесува „Пипл“.

„Дури и кога ѝ поставувале пречки, успевала да ги искористи социјалните мрежи за да покаже: „Погледнете, сепак постои публика за мене и за она што го работам“. Нејзината кариера ја одбележа токму таа упорност. А ова, само по себе, е многу тешка работа. За неа, сепак, била двојно, па дури и тројно потешка“, продолжи актерот.

Тој додаде дека Џенифер заслужува признание за сè што постигнала.

„Кога се оценуваат скоковите во вода на Олимписките игри, се зема предвид и степенот на тежина на изведениот скок. Сметам дека она што таа го направила заслужува оценка за тежина четири пати поголема од вообичаената“, рече Афлек.
Во истиот разговор, актерот истакна дека Џенифер Лопез, и покрај долгогодишниот успех, не е поштедена од критики кои често се разликуваат во зависност од тоа кој е во центарот на вниманието.

„Лично, постојат многу работи што немаат никаква врска со ова, но кога станува збор за работата, додека гледам како го прави она што го прави, мислам дека таа и понатаму е изложена на критики кои, според мене, подразбираат двојни стандарди, било отворено или барем на потсвесно ниво“, истакна Афлек.

Тој нагласи дека има огромна почит кон сè што успеала да постигне.

„Секогаш се водела според принципот: „Дури и ако никој друг не верува во мене, јас ќе верувам во себе и ќе ризикувам“. Преземала и вистински ризици, вложувала сопствени пари и го правела сето она за кое ни велат дека го прават големите американски претприемачи. Сето тоа го направила со извонреден успех и чувствувам само почит кон неа.

Таа веројатно е и највредната личност што некогаш сум ја запознал. Сметам дека и самиот работам многу, но кога бев покрај неа, често си помислував: „Леле, човеку, ова навистина е нешто посебно““, заклучи актерот.

foto: printscreen/instgaram/jlopezbenaffleck

To top